ЉубовАктуелноДуховна гимнастикаИзбор на уредникот

Вистината за сродните души

Терминот “сродна душа” е веќе со децении, ако не и векови наназад толку распространет, што буквално има море од “вистини” за оваа појава. Во овој текст се обидовме да издестилираме што се оние клучни показатели, упатувачи, ако сакате “знаци” што би биле најблизу до вистината, ако воопшто и може да се каже дека таква вистина постои.
 
Потекло на терминот
Една рана употреба на зборот „сродна душа“ доаѓа од поетот Семјуел Колриџ во писмо што датира од 1822 година: „За да бидете среќни во брачниот живот… мора да имате сродна душа“. Платон пак, го цитира поетот Аристофан дека сите луѓе некогаш биле обединети со својата втора половина, но Зевс ги разделил од страв и љубомора. Многу верувања упатуваат на тоа дека паровите што се со својата сродна душа се многу “помоќни” во својот личен живот (во однос на времето кога биле сами), но и во однос на општеството и воопшто светот.
 
Вистина број 1
Кога ќе се обедините со својата сродна душа, вашиот живот ќе се промени на подобро. Не на полошо. Невозможно е да сте со својата сродна душа, ако бивањето со некоја личност ве одвело кон зависности, разни пороци, злоупотреби, губење на кариерата, нарушување на пријателските и семејните односи, итн.
 
Вистина број 2
Обединувањето со сродната душа не е анскиозност или тн. “пеперутки во стомакот”.  Ако се чувстувате нервозно во присуство на вашиот партнер, љубовник, тоа е сигурен знак дека тој/таа не е вашата сродна душа. Многу духовни практики се стремат кон тоа човекто да најде мир и љубов во своето срце. Сосема контрадикторно на секоја духовност е нешто што ви е подарено од Универзумот, од Бога да внесува немир и несигурност во вашето срце. Некои луѓе се дотаму маѓепсани од терминот “сродна душа” што се во состојба ова да го препишат на луѓе во нивниот живот што буквално им внесуваат страв. Тие луѓе навистина не се без причина во нивниот живот, ти се таму за да им покажат дека треба да работат на себе, да создадат вистински вредности (сопствени) во својот живот за да бидат подготвени да ја сретнат вистинската сродна душа.
 
Вистина број 3
Сродната душа е секогаш на ваше емотивно, ментално, физичко, социјално ниво. Што значи ова? Дали значи ако вие имате висока едукација и вашата сродна душа има исто така? Секако дека не. Но, значи дека искуствата во животот ви се толку компатибилни што разликата во едукација никогаш и нема да ви падне на памет. Дали значи дека ако вие сте сами, вашата сродна душа не може да биде во брак? Секако дека да, доколку сте подготвени (духовно и емотивно) за сродна душа, невозможно е да се најдете во улога на растурач на бракови или пак, уште полошо семејства. “Ама можеби треба да ја/го спасам од “лошиот” брак. Можеби тоа е дел од мисијата?” Зарем мислите дека Универзумот за мисија ви дал да “спасувате” луѓе од нивните одлуки, од нивната слободна волја? Можеби треба повеќе да работите на себе и да ја увидите вистинската мисија што ја имате на овој свет, мисија што ќе остави печат на општеството, заедницата, технологијата, медицината, архитектурата, уметноста итн. Замислете Марија Кири да сметала дека нејзината мисија е да го спасува Пјер (или обратно), наместо да се фокусира на најзиниот пронајдок, што спасувал животи. Дури можеме слободно да кажеме дека доколку вашиот партнер/ка не е слободен, тоа со сигурност значи дека тоа НЕ Е вашата сродна душа.
Вистина број 4
Секогаш еден од сродните души е поуспешен од другиот. Ове е целосна невистина, вистината е дека доколку сте со сродната душа и двајцата сте успешни, еднакво успешни. Што значи тоа? Тоа не значи дека како Марија и Пјер, треба да работите во истото поле, иако тоа не е исклучено. Тоа значи дека ако едниот партнер е успешен архитект, а другиот партнер е сопственик на локална цвеќарница,  може да се работи за сродни души. Па што имаат овие двајца заедничко? Заедничка им е естетиката, љубота кон уредувањето, човечката комуникација со луѓето (едниот на локално, а другиот, можеби на глобално ниво). Понекогаш таа моќна компатибилност не е воочлива на прв поглед, понекогаш тие имаат еднаква страст кон работите  (што се различни за секој поединечно) на пример едниот партнер страсно ужива во фудбал додека другиот партнер страсно ужива во јога – навидум овие луѓе се некомпатибилни, но всушност поважна е компатибилноста во однос на страста, отколку дали се работи за јога или фудбал.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
2
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎

More in:Љубов