ВежбањеЗдравје

Зумба – фитнес-танцување

Во овие мрачни зимски денови веројатноста да посакате да станете од каучот е многу мала, а да не зборуваме за вежбање или за спортски активности. Сепак, зумбата е, можеби, активност што ќе ве развесели и ќе ви го зголеми ентузијазмот за размрдување на телото.
 
Зумба е програма за фитнес, вежби создадени од познатиот колумбиски танчар и кореограф Алберто Перез-Берто во текот на 90-тите години на минатиот век. Зумба е, всушност, трговска марка во сопственост на Зумба-фитнес ДОО. Бразилската поп-пејачка Клаудија Лејт стана меѓународна амбасадорка во Зумба-фитнесот.
Зумбата е начин и да се справите со вишокот килограми. Се смета дека е возможно да согорите помеѓу 300 и 900 калории за време на еден час зумба со среден и висок интензитет. 
Симона Ристовска, се занимава со фитнес веќе 10 години, а две години е инструктор по зумба-фитнес во танцовата школа ,,Данса латина Стефи” ни раскажува за зумбата:
– За мене љубовта кон танцот постои откако знам за себе. Уште од мали нозе започнав со латинотанци (самба, румба, ча ча ча) а потоа се занимавав со карипски танци (кубанска салса, бавчата, руеда, регетон танц) и на крај со зумба. Танцот е најдобра вежба за вашето тело. Зумба-фитнес е програма која е погодена за сите возрасни групи (млади или постари, па дури и децата може да ја практикуваат), независно од тоа во каква физичка кондиција сте, дали имате или немате искуство во танцување. Зумба-фитнесот е програма која е погодена за сите возрасни групи (млади или постари, па дури и децата може да ја практикуваат) , независно од тоа во каква физичка кондиција сте, дали имате или немате искуство во танцување. Зумбата е програма на аеробни вежби каде што се вклучени елементи на танцување т.е. комбинација на  основни чекори од танците кои се применуваат на латинска и на интернационална музика,  вежби за сите мускулни групи и целосно истегнување, со цел да се направи вежбањето забавно. Зумбата на посебен и на позитивен начин влијае врз вежбачите.
Мојата вообичаена зумба-сесија трае околу 60 минути односно 1 час. На почетокот започнува со загревање, а потоа следи бум на брзите и бавни ритми, овозможувајќи голем кардио-тренинг, потоа се изведуваат вежби за зацврстување на сите мускулни групи и на крај со истегнување. 
 
Придобивките од зумба-фитнесот кој што ги добивате се:  раздвижување на целото тело –  не се фокусирате на одреден дел од телото, туку постојано се движите со цело тело во ритамот на музиката;  согорување на калории – односно губење на вишокот килограми; ги дефинира мускулите – помага за активирање на сите мускули во вашето тело и нивно затегнување и тонирање; кондиција – комбинацијата на фитнес и танцови движења со сигурност ќе ве одржува во добра кондиција; многу позитивна енергија и насмеани лица – помага во исфрлање на целата негативна енергија и е антистресна терапија,  на крајот од тренингот добивате чуство на задоволство, среќа и полна сала насмеани и позитивни лица.
Ова се’ заедно е еден голем микс на забава во кој треба да се приклучите и да градите здрави навики низ ритамот на музиката.  Танцот е навистина една од најдобрите вежба за човечкото тело.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
1
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎