Живот

Дали е во ред вашето куче да спие во вашиот кревет?

Пред да му дозволите на кученцето да спие во вашиот кревет, треба да земете предвид повеќе фактори. Колку и да ви се чини дека е добра или лоша идеја, кога имате домашно милениче треба да се информирате за секоја важна одлука пред да преземете важен чекор.
Спиењето на кучето со сопственикот (особено во иста соба) не е воопшто нешто модерно, напротив – постои со векови во старите култури, особено кај Абориџините, кои сметале дека кучињата не им дозволуваат на злите духови да напаѓаат навечер. 
Од модерна перспектива, спиењето на кучето со својот газда, всушност, има придобивки за емотивното здравје и за приврзаноста на кучето, но влијае и на расположението на човекот.
Но, пред да му речете опа! на вашиот миленик за на креветот, треба да знаете и кои критериуми се важни за да може вие и вашето куче да бидете безбедни при усогласување на спиењето.
 
Големинaта на креветот
Доколку нема доволно простор на креветот, нерационално е да го поканите кучето да се турка со вас на толку мал простор. Екстремно е важно и колку е висок вашиот кревет – доколку е висок, а вие имате кученце од мала раса, голема е веројатноста при редовно скокање од креветот на тврдиот под кучето да се повреди или по извесно време да развие проблеми поврзани со зглобовите, коските или со мускулите. Ако веќе сте ја направиле оваа грешка и кучето веќе спие на вашиот висок кревет, ќе мора да ставите нешто меко до креветот за да се ублажи падот при секојдневниот скок на кучето врз тврдиот под.
Големината на кучето
Ако имате куче од голема или екстремно голема раса, треба да имате предвид дека кучето ќе заземе голем дел од вашиот кревет. Ако имате куче од мала раса, тогаш уште посериозно треба да размислите за здравјето на кучето, малети кучиња многу лесно може да ги задушите доколку се пикнат под покривката, а во текот на ноќта вие не можете да го контролирате нивното движење. Ако веќе сте ја направиле оваа грешка, тогаш морате да се посветите да го дресирате кучето да спие исклучиво на еден дел од креветот и никако под покривката. Најдобро е да му купите убав кучешки мек кревет и да го поставите до вашиот кревет, каде кученцето ќе ја чувствува вашата смиреност од конфорот и ќе биде безбедно.
Алергии
Алергиите на кучешки влакна секако се огромен проблем за сопствениците, независно дали кучето спие во ист кревет со нив. Но, кога станува збор за делење на креветот, тогаш имаат проблем и луѓето што се алергични на полен, прав итн. Сепак кучето во своето крзно ги собира овие алергени и, доколку веќе спиете со кученцето, ќе морате почесто да го бањате, на два дена да менувате постелнина и секојдневно да го џогирате подот бидејќи во шепите кученцето ја собира секоја прашинка од подот. 

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
1
Љубов
1
Несигурен/а
1
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎

More in:Живот