АктуелноЖивотИзбор на уредникот

Дали навистина знаеме да слушаме?

Слушањето е една од најважните вештини што можете да ги имате. Колку добро слушате има големо влијание врз ефективноста на вашата работа и врз квалитетот на вашите односи со другите луѓе околу вас.

 

На пример:

 

  • Слушаме за да добиеме информации.
  • Слушаме да разбереме.
  • Слушаме за уживање.
  • Слушаме да учиме.
 
Со оглед на целото слушање што го правиме, вие би помислиле дека би биле добри во тоа! Луѓето обично сметаат дека комплетно слушаат и разбираат што им кажуваат останатите. Огромен процент на луѓе дури веруваат дека се одлични слушатели. Всушност, повеќето од нас не се, а истражувањата сугерираат дека се сеќаваме само помеѓу 25 и 50 проценти од она што го слушаме, како што е опишано од „Конусот на искуство“ на Едгар Дејл. Тоа значи дека кога разговарате со вашиот шеф, колеги, клиенти или интимен партнер околу 10 минути, тие (а и вие) обрнуваат внимание на помалку од половина од разговорот.
Значи, и вам кога ви се даваат информации или насоки, пораката стигнува до вас само 50 проценти, остатокот се губи.
Јасно е дека слушањето е вештина од која сите можеме да имаме корист, доколку ја подобриме. Станувајќи подобар слушател, можете да ја подобрите вашата продуктивност, како и способноста да влијаете, убедувате и да преговарате. Уште повеќе, ќе избегнете конфликти и недоразбирања. А се ова е неопходно за подобрување на резултатите на секој човек, како на работното место, така и во комуникација со блиските и пријателите.  
Начинот да ги подобрите вашите вештини за слушање е да вежбате „активно слушање“.  На тој начин се вложува свесен напор да ги слушнете не само зборовите што друго лице ви ги кажува, туку што е уште поважно, целосната порака што се соопштува.
За да го направите ова, мора многу внимателно да обрнете внимание на другата личност.
Не можете да дозволите да бидете расеани, да размислувате за нештата што се случуваат од околу вас, или да размислувате како да дебатирате или формирате контрааргументи, додека другата личност сè уште зборува. Ниту, пак, можете да си дозволите да се досадувате и да изгубите фокус на она што го зборува другата личност.
За да ги подобрите вашите вештини за слушање, треба да и дадете до знаење на другата личност дека слушате што зборува таа.
За да ја разберете важноста на ова, запрашајте се дали некогаш сте биле вклучени во разговор кога сте се запрашале дали другата личност слуша што зборувате. Се прашувате дали вашата порака се шири, или дали е дури и вредно да продолжите да зборувате. Се чувствува како да зборувате со ѕид од тули, тоа е нешто што секој човек сака да го избегне.

 

Потребна е голема концентрација и одлучност да се биде активен слушател. Старите навики тешко се напуштаат, и ако вашите вештини за слушање се лоши како што се многу луѓе, тогаш ќе треба да работите многу за да ги напуштите овие лоши навики.

 

Постојат пет клучни техники што човек може да ги користи, за да ги развие активните вештини за слушање:

 

1.       Внимавање на она што го кажува говорникот.
2.       Покажување дека слушате.
3.       Обезбедување повратна информација.
4.       Одложување пресуда.
5.       Соодветно одговарање на конкретно поставените прашања. Одговори соодветн

 

 

Со користење активни техники за слушање се станува подобар комуникатор, само на тој начин се подобрува продуктивноста на работното место и се развиваат подобри меѓучовечки односи.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
1
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎