Здравје

Дали примањето (додатоци) суплементи од минерали и витамини е секогаш добро?

Прашањето дали и колку да пиеме витамин Ц, магнезиум, цинк, витамин Б итн. постојано се поставува, особено во ова време на пандемија. 
За жал одговорот не е едноставен. 
Сите додатоци на витамини и минерали, за да бидат соодветни на уникатноста на секој засебен човечки организам, треба да се примаат според резултатите добиени од крвен тест. Тоа е секако идеалната варијанта за да дознае еден човек, како прво дали му треба додаток во исхраната, а како второ колку милиграми му е потребно од одреден витамин или минерал.
Секој човек се храни различно. Токму затоа секој додаток (минерал или витамин) нема универзални својства, доколку се работи за куркума, ѓумбир или некој друг вид на додаток, во тој случај “универзалноста” на дејствувањето има определен рок (доколку се користат секојдневно).
Овие суплементи можеби (речиси) секој може да ги конзумира, но во определен временски рок, всушност ако ги читате упатствата и самите производители обично го наведуваат ова.
Дали може да наштетат?
Генерално додатоците не може сериозно да му наштетат на човечкиот организам, но може да имаат скриени состојки што честопати не се наведени на етикетата. Исто така, треба да се запомни дека “природно” не значи секогаш здраво за секој човек поединечно.
За некои поспецифични додатоци (гинко, кава) треба да се внимава, бидејќи за употреба на истите најдобро е препораката да дојде од лекар.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎