ЖивотФилм

Еван Рејчел Вуд и други жени го обвинија Мерилин Менсон за злоупотреба

– Тој ужасно ме злоупотребуваше со години – изјави актерката Еван Рејчел Вуд, a кон овие обвинувања и’ се приклучија уште поранешни девојки на рокерот.
Во минатото, актерката и активистка Еван Рејчел Вуд зборуваше за наводната злоупотреба што и’ ја нанел неименуван поранешен партнер. Во објава на Инстаграм, рано во понеделникот наутро, таа стави име на обвинувањата:

– Името на злосторникот што ме силуваше е Брајан Ворнер, исто така, познат во светот како Мерилин Менсон – напиша Вуд. – Почна да ме манипулира кога бев тинејџерка и ужасно ме малтретираше со години. Бев буквално со испран мозок и изманипулирана за да му се потчинам. Постојано живеев во страв од одмазда, клевета или уцена од негова страна. Се решив да го разоткријам овој опасен човек и да повикам многу индустрии што тоа на индиректен начин му го овозможуваат, да го спречам пред да уништи и други животи. Јас стојам меѓу многубројните жртви кои повеќе нема да молчат – додаде Вуд.

Во знак на солидарност, најмалку уште четири жени објавија свои обвинувања против Менсон, во детали за вознемирувачките искуства за кои тврдат дека тој извршил сексуални напади, психолошка злоупотреба и / или разни форми на принуда, насилство и заплашување. Откако брзо беше отфрлен од издавачката куќа Лома виста и отсечен од ТВ-серија, Менсон објави изјава на својот профил на Инстаграм, упатувајќи огромно негирање без да се обрати на некои од конкретните обвинувања на жените:
– Очигледно, мојата уметност и мојот живот долго беа магнет за контроверзи, но овие неодамнешни тврдења за мене се ужасни нарушувања на реалноста. Моите интимни врски отсекогаш биле целосно консензуални со партнери истомисленици. Без оглед на тоа како – и зошто – другите сега избираат погрешно да го претстават минатото, тоа е вистинатата.
 
Вуд, која сега има 33 години, настапува во серијата Вестворлд на ХБО, рече дека таа била во шок за да знае што и’ се случува во врската со рокерот, бидејќи имала само 18 години, а Менсон имал 36 години. Во 2018 година, Вуд сведочеше пред поткомитетот на Судскиот дом, како поддршка на жртвите на сексуални напади. 
 
– Предлог-законот беше усвоен во сите 50 држави. Моето искуство со семејно насилство беше ова: токсично ментално, физичко и сексуално злоупотребување, кое започна бавно, но ескалираше со текот на времето, вклучително и закани по мојот живот, силни манипулации и перење мозок, будење до човекот што тврдеше дека ме сака, силувајќи ме бидејќи веруваше дека така го буди моето несвесно тело – му рече таа на поткомитетот, иако тогаш не именуваше сторител.
 
Во 2009 година, во една статија во Спин, Менсон беше цитиран како рекол за Вуд:
 – Секој ден имам фантазии како со чекан и’ го кршам черепот.
Минатата година, кога тој коментар беше изнесен од музички новинар, публицистот на Менсон изјавил дека тоа било само перформанс, театрална изјава и нема врска со реалноста.
Актерката доби поддршка и од други жртви на 52-годишниот рокер, но и од други жени во светот.
Во едно интервју во 2019 година, Вуд рече: 
– Порано мислев дека силниот човек не може да влијае. И сега, за мене, да се биде силен е да се остави болката да влијае на вас, да живееме покрај болката и да ја видиме, да одиме низ неа, да ја пуштиме да тече низ нас и да дозволиме да помине. И кога сме скршени треба да сме силни.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎

More in:Живот