Денес започнуваме нова приказна со Артист солар, место каде што се чувствуваме како дома. Место што сакаме да биде дома на сите души, чија есенција задира во светот што сакаме да ви го подариме, како парче од некоја научно-фантастична градина, извадена од филмовите на Кјубрик, украсена со мек, пастелен, но прецизен сонзибилитет, градина што е лесна и миризлива, ама функционална како архитектонско ремек-дело. 
 
Да чекори човек по патот, ништо не е важно, освен да биде свој. 
Да биде она што е. 
Оттаму се гради и приказната на Артист солар, нашиот тим ве пречекува со отворено срце, со надеж дека нашата имагинација ќе го допре вашиот автентичен свет.
Добредојдовте.