АктуелноТехнологија

Земјата се вртеше најбрзо во 2020 година

Иако се уште постојат луѓе кои мислат дека Земјата е рамна, сепак ќе се вратиме на старата добра наука која одамна докажала дека „Земјата сепак се врти“. Според неодамнешните пресметки, во 2020 година, нашата планета се вртела за неколку милисекунди побрзо од вообичаеното и тоа во цели 28 дена. Тоа значи дека во 2020 година во 28 дена Земјата се вртела најбрзо од далечната 1960 година, што значи лани сме се вртеле најбрзо во последните 60 години.
 
Сепак ова не е никаков проблем или нешто што треба да не загрижува, бидејќи брзината на ротација на Земјата околу својата оска постојано варира под влијание на промените во атмосферскиот притисок, ветровите, океанските и морските струи и движењата на јадрото на нашата планета. Ние секако тоа не можеме да го забележиме и не претставува никаков проблем за човекот, освен што ги загрижува тие кои мислат дека нашата планета е рамна. Ваквото минимално зголемување или намалување на брзината може да биде проблематично за ултра-прецизните атомски часовници, кои го мерат Координираното универзално време (UTC), кое е основа за цивилното време во светот и според кое ги поставуваме нашите часовници. Кога ротацијата на Земјата отстапува од UTC за повеќе од 0,4 секунди, тогаш започнуваат прилагодувањата.
Досега, за време на прилагодувањата, кои обично се вршат кон крајот на јуни или декември, главно се додаваат „престапни секунди“ за усогласување на UTC со астрономското време. Од 1972 година се вршат корекции приближно секоја година и половина. Последното вакво прилагодување беше во 2016 година, кога една нова „секунда“ беше додадена на новогодишната ноќ во 23:59 часот и 59 минути.
 
Но, минатата година, работите се одвиваа поинаку и сега научниците размислуваат за прв пат да одземат една секунда од UTC. Имено, денот трае во просек 86.400 секунди, но според пресметките, астрономскиот ден во 2021 година ќе биде пократок за 0,05 милисекунди во просек. На крајот на годината, тоа може да биде вкупно заостанување од 19 милисекунди.
 
Минатата година имавме 28 побрзи денови од најбрзата 2005 година. Ако стапката на ротација на Земјата и натаму остане забрзана, можно е да биде
направен негативен скок во една секунда. Иднината на престапните секунди се дискутира на меѓународно ниво, па е можно потребата од негативен скок во секунда да предизвика и одлука за укинување на престапните секунди.
 
Астрономски гледано, Земјата го сруши претходниот рекорд за најкраток астрономски ден поставен во 2005 година 28 пати минатата година. Во текот на најкраткиот ден од 2005 година, 5 јули, нашата планета се вртеше околу својата оска 0,0516 милисекунди побрзо од просечните 86,400 секунди. Од друга страна, најкраткиот ден во 2020 година беше 19 јули, кога планетата ја заврши својата ротација 1,4602 милисекунди побрзо од просекот

Каква е вашата реакција?

Возбудено
1
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎