Психологија

Зошто е добро да го знаете својот Мајерс-Бригс тип?

Мајерс-Бригсовиот индикатор (MBTI) е распространет низ светот и најчесто се користи како прашалник за одредување на типот на личност.
Карл Јунг ги развил типовите на личност, а потоа тестот на Мајерс Бригс бил дизајниран за точно да ги процени. Така луѓето се класифицираат како екстровертни или интровертни, се служат само со сетилата или и со интуицијата, размислуваат или чувстваат и судат или перципираат. 
Зошто е добро да го знаете својот тип според Мајерс-Бригсовиот индикатор?
 
Кога секој би го познавал својот тип на личност, тогаш би можел соодветно да избере кариера и во истата да напредува. Класификацијата помага и при вреднување и одржување на пријателствата, воспитувањето на децата, како и при збогатувањето на социјалниот и на романтичниот живот.
 
Ако сте ЕНФП, на пример, вашата кариера треба да се одвива во сосема друг правец од кариерата на типот на личност ИСТЈ. Лицата со ЕНФП се екстровертни, чувствителни, сонувачи, артистични и топли. Тие би биле исклучително несреќни на работно место што бара сериозна посветеност на деталите, рутинско повторување на задачите, создавање табели и работни места со ригидна хиерархија како во полиција и во војска.
А ИСТЈ, пак, се интровертни, ладни, размислуваат за детали, многу стабилни, здодевно им е кога имаат премногу слободно време, не се креативни, туку склони кон рационално размислување и не би можеле да се снајдат во креативни професии, туку како сметководители, финансиски аналитичари, финансиски инспектори, финансиски директори итн.
Според ова, за една компанија или институција е многу корисно при вработување да го користат овој тест бидејќи е опсежен и ќе им даде насоки дали кандидатот е погоден за работното што е огласено. Лицата ЕНФП не би сакале да ви се на позиција сметководител, а од друга страна, пак, вашата креативна кампања за некој нов производ не би сакале да ја доверите на некој што е ИСТЈ од Мајерс-Бригсовиот модел.
 
 
Резултатите се изработуваат по моделот на институтот Мајер-Бригс и тоа веднаш.
 
Инаку, пресметувањето на типот на личност според Мајер-Бригс е многу едноставно, но кандидатот треба да има солидно познавање на англискиот јазик со цел подетално да ги разбере прашањата во овој прашалник.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
1
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎

Актуелно

Токсични семејства

Нарушувањата на личноста, иако бараат психијатриски третман, ретко се видливи за надворешната околина. Честопати овие ...