АртМузика

Зошто музиката предизвикува морници?

Морници или “трпки” доживуваат речиси сите луѓе слушајќи ја својата омилена музика. Зошто се случува тоа?
Слушајќи музика на слушалки, во едно истражување што било спроведено токму на оваа тема, учесниците доживеале “трпки” во просек 16,9 пати и траеле 8,75 секунди.
Музиката може да стимулира најразновиден спектар на емоции и чувства, до степен до кој може да предизвика дури и морници. 
Во една од студиите објавени во научното списание Frontiers In Neuroscience: Auditory Cognitive Neuroscience се смета дека најверојатно одговорот зошто е тоа така, е најден.
 
Набудувајќи го мозокот на 18 учесници, истражувачите заклучиле дека специјалните мозочни бранови го засилуваат нивниот интензитет кога се појавуваат морници, а тоа е поврзано со нешто емотивно што музиката го предизвикува кај учесниците. Сепак, музиката е дефинитивно нешто емотивно! Слушајќи преку слушалки, по пет песни, што учесниците ги издвоиле однапред, и знаеле дека ќе им предзивикаат морници, како и три случајни избрани од истражувачите, учесниците доживеале “трпки” во просек 16,9 пати и траеле по 8,75 секунди.

“Во музиката, интересно е, дека ни се чини дека нема никаква биолошка вредност или вредност за опстанок на човекот. Треба да откриеме зошто музиката успева да даде чувство на награда и удобност и да ги охрабри деловите на телото, што долго време се одговорни за мотивација и преживување“, рече Тибо Чабин во интервју за „Инверс“.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎

More in:Арт