Духовна гимнастикаПсихологија

Што значи да се биде родител?

И покрај сфаќањата на многумина дека е ,,интересно” да се има деца, всушност, не сфаќаат дека родителството е голема одговорност.
Родителот е одговорен за подигање на една индивидуа до нејзина зрелост и целта на родителот е да создаде вреден член на заедницата.
 
Овој потфат бара грижа, многу љубов, разбирање и можност децата да останат на вистинскиот пат. Ако родителот се труди се’ да прави правилно, тоа е една од најтешките работи што еден човек може да ги направи во својот живот, но, исто така, ќе биде и најголемата награда што може да си ја замисли.
 
Вистинските родители ги сакаат своите деца. Што е тоа да сакаш? Љубовта во родителството оди подалеку од обична грижа за децата. Тоа значи дека постојано се грижите за иднината на детето, како и за сегашноста и она што го опкружува детето. Родителот будно ги набљудува децата кога се болни или вознемирени, постојано се грижи за нив кога нивните чувства се повредени, распоредот за другите нешта оди на второ место во однос на приоритетот да се помине време со децата. 
Секако и заштитување на децата за да бидат безбедни постојано. Има родители што се борат со различни ментални нарушувања и многу често се случува да не бараат решение од стручни лица за своите проблеми, туку да се ,,истураат” на децата. 
Нашите системи не функционираат на толку високо ниво за да се заштитат децата од вакви несакани услови, па товарот е на другиот родител, на поширокото семејство, но, за жал, најчесто товарот паѓа врз самото дете што го поминува сиот живот како ,,боксерска вреќа” за овие родители што се борат со ментални нарушувања.
 
Иако најчесто се смета дека страдаат децата од сиромашни средини, каде на родителите им е тешко да им овозможат услови за убав живот, истражувањата покажуваат дека најмногу страдаат децата што доаѓаат од семејства каде што едниот или двајцата родители имаат одредено ментално растројство. 
Уште потрагично е што во голем процент родителите со вакви нарушувања самите не се свесни за болеста или сметаат дека болеста е ,,дел од нивиот карактер”. 
 
Според Journal of family studies, истражувачите Томас Линдал и Род Калучи заклучиле: 
 
  • Анализата на транскриптите од интервјата со субјектите во истражувањето, открива дека некои родители претходно не размислувале како нивната ментална болест влијае на нивните семејства, особено на децатa, а таа несвесност е поврзана со количината на поддршка што ја добивале од партнерите или од другите членови на семејството.
 
Родителите слушаат. Тоа е најважното нешто што еден родител треба да го направи за своето дете. 
На многу родители не им е јасен концептот на слушање, дури и кога се работи за здрави личности. Родителот мора да одвои време да ги разбере проблемите на сопствените деца. Слушајќи што има детето да каже, родителот може да му помогне преку прашања што се поврзани со конкретното нешто за што зборува детето без да му вметнува сопствени интереси и себична самопромоција. 
И покрај тоа што на родителот детските проблеми може да не му изгледаат тривијално, со тоа што покажува разбирање кон сопствените деца – децата на тој начин ја гледаат грижата за нив и за нивните животи. 
Родителот треба да се труди, колку што е можно, да им помогне на сопствените деца да ги надминат своите проблеми и доколку е потребно да најде најразлични начини, што се во негова можност, да им помогне на децата да дојдат до најдобро решение.
 

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
1
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎