Живот

Канцелариската работа од 9 до 17 е на раб на исчезнување

Најновите истражувања во индустријата, по пандемијата 2020 и после менувањето на работните текови, (онлајн-работењето и создавањето што помали тимови за завршување на работните задачи) светот се соочува со една корпулентна промена, а тоа е речиси целосно исчезнување на традиционалната канцелариска работа од 9 до 17 часот.

Океан-системите во светот заминаа во заборав. Според нoвите архитектонски решенија, за еден човек треба да се обезбедат повеќе квадратни метри. Одделите треба да имаат што помалку (физички) вработени лица, што повеќе (онлајн) вработени. 
Високите деловни згради станаа комплетно нефункционални бидејќи во лифтовите се туркаат многу вработени, а тоа ниту сега, ниту во иднина ја гарантира здравствената безбедност на вработените.  
Луис Баркер, одговорен за менаџирање на деловен простор во Сервис нау, смета дека во огромен процент враќањето на вработените во канцеларија нема да има ниту во иднина. Тој смета дека флексибилноста на физичкото движење и присуството ќе станат основен услов што компаниите во иднина (почнувајќи од 2020 година) ќе мора да го овозможат. Тоа значи задолжителен ИТ-сектор за масовна поддршка на вработените што работат и целокупна дигитализација на речиси секој сегмент од работењето.
  • Не верувам дека во иднина компаниите ќе можат да најдат канцелариски работник што ќе го условат со физичко присуство (доколку природата на работата не го бара тоа). Оваа година се докажа дека физичкото присуство за да се заврши некоја работа е минимално потребно, само за неопходни дејствија, што е само мала порција од целокупното работно време – вели тој.
Се смета дека, покрај вештачката интелигенција и веќе познатите дигитални и технолошки солуции, во подем е и виртуелната реалност како опција за идни работни обврски, доколку е возможно да се инкорпорира во дејноста.
 

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
1
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎

More in:Живот