Избор на уредникотХрана

Кој ги измислил киселите краставички?

Киселите краставички биле измислени во Месопотамија, кога жителите од северна Индија донеле семе од краставица во долината на реката Тигар, а како рецепт се стари повеќе од 4000 години. 
 
Месопотамците започнале да ги натопуваат краставичките во кисела саламура, како начин да ги зачуваат. Оттогаш, тие имаат главна улога во културите низ целиот свет, познати по својот интензивен вкус, здравствени придобивки и додаток речиси за секоја пригода.
 
Се шпекулира дека тие биле една од тајните на бесмртната убавина на Клеопатра, таа верувала дека краставичките придонесуваат за нејзиното здравје. Во меѓувреме, Јулиј Цезар и другите римски императори им давале кисели краставички на своите трупи да јадат, верувајќи дека ќе ги направат јаки.
 
Конзервирањето како начин да се зачува храната за употреба, па и надвор од сезоната, како и за долги патувања, било популарно во минатото, особено за морепловците.   
Иако процесот е измислен за да се зачува храната, киселите краставички се прават и јадат затоа што луѓето, како во минатото, така и денес,  уживаат во неверојатниот вкус. Закиселувањето може да ја подобри хранливата вредност на храната со воведување на витамини од групата Б, што произлегуваат од корисните бактерии.
 
Киселите краставички се споменуваат дури и во Библијата, им биле познати на Египќаните, а Аристотел ги пофалил лековитите својатва на киселите краставички. Римјаните увезувале секаква храна од земјите што ги освоиле, ги маринирале во оцет, масло, саламура и понекогаш мед.
Меѓу познатите љубители на кисели краставички од историјата се: Јулиј Цезар и Тивериј, кралицата Елизабета Прва од Англија, Америго Веспучи, Џорџ Вашингтон, Томас Џеферсон и Наполеон Бонапарта, и многу други.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎