АртМода

Модни трендови што треба да исчезнат во 2021

2020 секако ќе биде запаметена, ама по лошо. Дел од модните трендови беа светлина во темнината, но, дел навистина произлегуваат од гротескното расположение на глобално ниво.

Видлива танга.
 
Ова е голем моден тренд од крајот на 90-тите години на минатиот век. За наша несреќа постојат обиди за враќање на трендот. Особено преку некои познати личности како што се Хејли Бибер, Џенифер Лопез и Дуа Липа.
Корсети
 
Да не се лажеме, корсетите не биле пријатни за носење во  16 век, а камо ли денес. Многу дизајнери се согласуваат дека за да се издизајнира корсет е многу пипава и детална работа, “рандом” купување на корсет од продавница – ретко, безмалку никогаш е полн погодок.
Плетен крошет
 
Повремено носење на детали, додатоци од плетен крошет, може да биде интересно и освежувачки. Но, цели фустани, пантолони, блузи од плетен крошет е премногу. Дополнително, ваквите модели се тешки за одржување, бидејќи се перат рачно.
 
Минијатурни чанти
 
Ова е тренд што се појави кон крајот на 2019, а дефинитивно треба да исчезне во 2021. Оваа чанта е целосно непрактична, во микро-моделот најмногу може да ја сместите вашата кредитна картичка. Заборавете на мобилниот телефон, клучевите најдобро оставете ги дома.
 

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
1

‏‏‎ ‎

Next Article:

0 %