Љубов

Најлошите особини во една љубовна врска

Кога сме во љубовна врска честопати се фокусираме на конекцијата и на особините на партнерот, што овозможуваат таа конекција да има тек и да ни предизвикува убаво чувство. Честопати забораваме дека за да имаме успешна љубовна врска треба да се фокусираме на особините што ние ги поседуваме (карактерно) и компатибилноста со личните карактерни особини на партнерот. Што значи ова? Ова значи дека доколку ние имаме карактерна особина, да речеме, импулсивност, за да може да има тек и успешност една љубовна врска – партнерот, би требало, да ја нема оваа особина, односно да има спротивна карактерна особина како, на пример, промисленост. Може да ја земеме и обратната ситуација – доколку двајцата партнери имаат промисленост, во тој случај врската нема да има игривост, нема да има целосно отворање на партнерите еден кон друг (бидејќи нема да има искра тоа да се случи) и честопати ваквата врска може брзо да стане исклучително монотона (бидејќи ниту еден од партнерите не е природно спонтан). Монотоноста и не е најлошото што може да се случи во ваков пример на врска, туку меѓусебната манипулативност и крајната неискреност на двајца партнери со карактерна особина промисленост. Со овие два примера, всушност, гледаме дека одредени ,,негативни” особини на партнерите не се општо негативни, туку се негативни во контекст на одредена љубовна врска. Во друг контекст тие се ,,лепило” на романтичните текови и нивното непрекинато течење. Е, сега, прашањето е дали постојат одредени негативни особини што еден човек може да ги поседува, а се општо деструктивни за речиси секоја љубовна врска, во комбинација со многу видови карактери и карактерни особини. 
Кои се тие особини што ќе ја уништат речиси секоја љубовна врска, независно од карактерот и од темпераментот на партнерот.
  • Тврдоглавост. Според дефиницијата на тоа што е тврдоглавост стои следното: ,,Останување на одреден став и покрај реални, рационални докази за спротивен став”. Оваа особина нема ,,компатибилна” карактерна особина. Се работи за нерационално терање на одредено однесување, став и сл., и покрај доказите дека спротивното е подобро, поважно, порационално итн. Луѓето кои, за жал, ја поседуваат оваа особина се оние што водат самодеструктивни животи и честопати многу им наштетуваат на најблиските.
  • Хиперсензитивност. Преголема чувствителност што води дури до анксиозност и до невротичност. Овие луѓе важат за самосаботери и честопати живеат неквалитетен живот, завршуваат во врска со партнери што не ги почитуваат (и обратно) и не се во можност да изградат темел, што е основа на секоја љубовна врска, од каде што ќе произлезат вистински вредности како за самата личност, така и за партнерот.
  • Нелојалност. Оваа карактерна особина во себе инкорпорира неколку негативни однесувања, што тешко може да најдат компатибилност со кој било партнер, независно од карактерот. Основно однесување кога некој ја поседува оваа особина е лажењето, што 99 проценти од луѓето, многу брзо, ќе побараат начин да излезат од таа љубовна врска или однос. Животот со човек што ја поседува оваа карактерна особина навистина може да стане ноќна мора. Партнерите на луѓето со оваа карактерна особина се оние што навистина ,,минале низ пекол” и со години живееле во лага. Овие сознанија се можеби едни од најтешките некој да ги испроцесира и надмине во текот на својот живот. Нелојалноста произведува и основна негрижа за најблиските и за нивна добробит. Нелојалните партнери, всушност, се луѓе што самите живеат во лага и за да преживеат мораат секојдневно себеси да се убедат дека светот каде што битисуваат е ,,добар”, дека ,,им служи” и, на крајот, дека е ,,вистински” – што е најпогубното сознание за овие луѓе кога во еден момент од животот ќе мора да се соочат со вистината дека светот што го ,,изградиле” е, всушност, обична кула од карти.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
3
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎

More in:Љубов