ЉубовАктуелно

Новите генерации претпочитаат секс, само доколку имаат чувства кон одредена личност

Последното истражување што се спровело во Австралија, Велика Британија и САД се темелело токму на вредностите, што младите луѓе денес ги имаат во однос на сексот.

Се повеќе луѓе сфаќаат дека сексот е суштински многу неутрално дејствие, нешто налик на јадење. Па, исто како и јадењето, за жал, постојат огроми разлики во “сервираната” храна. Така е и со партнерите, не постојат две исти личности, затоа и искуствата воопшто не можат да наликуваат едно на друго. Боранијата, како растение е од истата сорта како и грашокот, ама многумина ќе речат дека грашок можеби им е омилено јадење, а боранија не сакаат ни да погледнат. 

Новите генерации, и покрај достапноста на потенцијални партнери (благодарение на интернетот и сајтовите за состаноци) се всушност многу “поосвестени” кога станува збор за сексот, од постарите генерации за кои всушност многу сексуални дејствија претставуваат табу и непозната територија. На кој начин овие генерации се поосвестени околу сексуалноста?
  1. Тие многу рано ја знаат својата сексуална ориентација 
  2. Во семејството слободно се зборува на оваа тема (бидејќи нивните родители се родени најчесто во седумдесетите години на минатиот век). Отворено им поставуваат прашања на своите родители и добиваат прецизни (вистинити) одговори.
  3. Пријателите и општо околината нема (или има помалку) предрасуди во однос на овие теми, па многу рано дознаваат за облиците на интеракција помеѓу луѓето.
  4. Нивната перспектива во однос на сексот е прифатена од најблиските, без предрасуди.
  5. Дозволено им е, дури и поттикнати се да експериментираат во адолесценцијата самите, па потоа врз база на своите искуства да донесуваат заклучоци што сакаат.
 
Последното истражување што се спровело во Австралија, Велика Британија и САД се темелело токму на вредностите, што младите луѓе, особено на возраст од 18 до 25 години  ги имаат во однос на сексот. Заклучоците биле следните:
  • Здосадено ми е и не сакам да имам секс со луѓе што не знаат кога ми е роденден
  • Не сакам да имам секс со луѓе “Те молам заврши побрзо и да си викнам такси”
  • Претпочитам да имам секс само со некој што го познавам подолго и чувствувам нешто за таа личност.
  • Немам проблем да немам секс никогаш, ако тоа не е правата личност за мене.
  • Доволно ми е од секс без чувства
  • Само ако не знаеш што сакаш и што бараш, ќе згрешиш во изборот, поважно е да се посетува терапија отколку сајтови за состаноци (со цел да се најде секс)
Според овие одговори, истражувачите едногласно заклучиле дека ерата на “состаноци за една вечер” и “секс-другарчиња” за новите генерации во голем процент е завршена.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

‏‏‎ ‎

Next Article:

0 %