АртУметност

Нови книги за уметност

Апстрактна уметност: глобална историја 
 
Пепе Кармел буквално не почести така што напиша привлечна студија за апстракција – од негов агол, што и не е така лесна работа. Во „Апстрактна уметност: глобална историја“ тој започнува од најраните уметници и нивните практики и потоа продолжува да ја разградува темата во група теми по избор, што вклучуваат тело, космос и архитектура. Секој дел зборува за посебни практики, при што тој внимателно ги анализира и испитува. и покажува една работа за внимателно испитување. Звучи многу едноставно, но тој маестрално успева нешто толку длабоко и комплицирано да ни го претстави со леснотија и авторитет. 
Отворено студио: Направете сами уметнички проекти заедно со современите уметници 
 
Дали сакате самите да се вклучите во уметничко создавање, во друштво на некои од водечките современи уметници на нашето време? Тоа е она што се нуди во “Отворено студио: Направете сами уметнички проекти заедно со современите уметници” книга за уметнички проекти предложени од уметници како што се: Марина Абрамовиќ, Џорџ Кондо, Рашид Џонсон, Сара Зе и многу други. Фотографиите нè катапултираат во возбудлив хаос во ателјето, и чекор-по-чекор совети и упатства од самите уметници, што ни се чини дека целиот процес е забавен и лесно остварлив.
Уметност на илузијата
 
Дали всушност уметноста е поврзана со триковите? Секако дека е. Зарем сите не сме уживале во повеќе светови на илузијата? 
„Уметноста на илузијата“ на Флоријан Хајн опишува прилично многу специфични трикови – како што е на пример анаморфозата – што уметниците ги користат во последните неколку илјади години. Колкумина од нас доброволно би оделе низ ходникот што изгледа бесконечно или пак би се обиделе да излупат долар насликан на дводимензионална површина? Таква е нашата трогателна лековерност.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
2
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

‏‏‎ ‎

Next Article:

0 %