Серии

Премиера на серијата “The One” на Нетфликс

THEONE_260120_278-Ep8.jpg

Љубителите на научно-фантастични серии ќе имаат можност, идната недела, премиерно да ја гледаат британската серија “The One” на Нетфликс. Серијата е базирана врз истоимената книга на Џон Марс.

Серијата обработува интересна тема, а тоа е наоѓање на “вистинска љубов” брз база на човечката ДНК. Приказната се темели на пријателството на тројца научници и идејата да создадат апликација преку која секој човек на планетата (давајќи материјал за ДНК анализа) може да си го најде својот “match” односно сродна душа.

Нивните планови излегуваат од контрола и почнуваат да се случуваат многу невообичаени работи бидејќи човечката природа е многу комплицирана. Серијата ги истражува разорните последици од неконтролираниот технолошки напредок.

Продуцент на серијата е Хауард Оверман, а улогите ги толкуваат Хана Вер, Димитри Леонидас и Амир Ел Мазри.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎