ЗдравјеХрана

Храна што не може да ве здебели

Секоја храна има посебен ефект на нашата ситост и создавањето несакани масни наслаги. Сепак постои храна што не заситува многу повеќе, а истовремено не прави да се зголемуваат килограмите.
 
Индексот на ситост как храната упатува способноста на храната да направи да се чувствувате сити, да го намалите гладот и да го намалите внесот на калории во текот на денот.
 
Некои намирници едноставно се подобри во задоволување на гладот и спречување на прејадување од некои други.
 
Храната што заситува може да се јаде во поголеми количества, при што нема негативен ефект при зголемување на тежината. 
 
Варен компир
 
Честопати луѓето што внимаваат на внесот на јаглехидрати го избегнуваат компирот воопшто заради високата содржина на јаглехидрати. Но, доколку не следите ваква исхрана, компирот (варен) е одличен за здравјето, преполн со витамини, влакна и други важни хранливи материи. Тие исто така содржат одреден вид скроб наречен отпорен скроб.
Отпорниот скроб содржи половина калории од обичен скроб (2 наместо 4 калории на грам). Во дигестивен систем на човекот тој се однесува исто кај и растворливите влакна, помагајќи човекот да се чувствува сит.
 
Бидејќи додавањето отпорен скроб во оброците помага да се задоволи гладот, тоа предизвикува луѓето да внесуваат помалку калории.
Јајца
 
Јајцата се уште една храна што била неправедно демонизирана во минатото. Вистината е, јајцата се неверојатно здрави и содржат многу важни хранливи материи.
 
Повеќето хранливи материи, вклучувајќи околу половина од протеините на јајцето, се наоѓаат во жолчката.
 
Јајцата се целосен протеин, што значи дека ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини.
Покрај тоа, тие предизвикуваат ситост.
Неколку студии откриле дека луѓето што јаделе јајца за појадок, се чувствувале посити и конзумирале помалку калории во текот на денот отколку оние што појадувале ѓеврек.
Овесна каша
 
Овесната каша е топло жито, што често се конзумира за појадок.
 
Неверојатно исполнува и е на трето место на индексот на ситост. Ова главно се должи на високата содржина на влакна во кашата, како и можноста да впие вода.
Бистри супи
 
За телностите често се смета дека значително помалку заситуваат од цврстата храна.
 
Сепак, истражувањата покажуваат дека супите може да не заситат многу повеќе од солидните оброци со исти состојки.  Кога се јаде супа на почетокот на оброкот луѓето конзумират за 20% помалку калории на тој оброк.
Мешунки
 
Мешунките, како грав, грашок и леќа, се добро познати по тоа што се добри извори на растителни влакна и протеини.
 
Ова, во комбинација со релативно мала енергетска густина, ги прави полна храна што може дури и да служи за губење на тежината.
 
Некои истражувања укажуваат на тоа дека гравот, грашокот, леблебијата и леќата за 31% може повеќе да го заситат човекот во однос на тестенините и лебот.
Јаболка
 
Овошјето е важен дел од здравата исхрана. Јадењето овошје е поврзано со помал внес на калории и може да придонесе за губење на тежината со текот на времето.
 
Баш јаболката има многу високи оценки на индексот на ситост бидејќи содржи пектин, растворливи влакна, што природно го забавуваат варењето, а истовремено помагаат да се постигне чувство на ситост.
 
Тие, исто така, содржат над 85% вода, што обезбедува волумен и ја подобрува ситоста без додавање калории.
 
Важно е да се напомене дека целото, цврсто овошје ја зголемува ситоста, многу повеќе од овошјето, сокот или овошното пире.
 
Цитрусни овошја
 
Слично на јаболката, агрумите се богати со пектин, што може да го забави варењето и да ја зголеми ситоста.
 
Тие исто така имаат висока содржина на вода. И портокалите и цитронот содржат над 87% вода, што значи дека тие можат да ве најадат, при што ќе се внесат многу малку калории.
 
Честопати се сугерира дека јадењето цитрон е добро за губење на тежината.
 
Во една студија, дебелите учесници што јаделе цитроно, изгубиле значително повеќе тежина отколку оние на кои им бил даден плацебо.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
1
Среќно
2
Љубов
1
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎