АртСерии

Серија што не се пропушта : The OA (Original Angel)

Ова е серијата што покрена лавина на реакции на фановите по прекинувањето на втората сезона. Неверојатна (mind bending) научна фантастика со исклучителна приказна. Во себе, инкорпорира елементи на спиритуални учења, разновидни древни верувања и сето тоа поставено во современа атмосфера на денешницата.
 
Фановите на серијата дури ги извршуваа петте движења, што се клучен елемент во самата приказна, пред седиштето на Нетфликс, се со цел да продолжи снимањето на третата сезона. Ове само пример колку сериозно серијата ги допре луѓето.
 
Што е The OA?
Серијата е приказна за една слепа девојка на која на мистериозен начин, еден ден и се враќа видот. Медицински необјасниво, таа откако исчезнала, од своето родно место, по 7 години се враќа со совршен вид.
Тешко е да се биде амбивалентен кон драмата на Брит Марлинг и Зал Бетманглија. Ќе морате, како и ликовите, да се подготвите да ги напуштите сите однапред сфатени концепти, сета ваша логика и да се препуштите на еден наратив и реалност што ќе ве одведат далеку од секојдневието.
 
The OA се движи во раскажувачки скокови наназад и нанапред, намерно збунувачки во секој чекор и сосема доследни во идејниот одговор – толку смел, што не доведува до состојба на восхит. Процесот на гледање и доживување на секоја епизода на “The OA” и покрај смиреноста и “нормалноста” ќе ве одведе во сосема нови предели, неистражени територии, пред се, на она што го носиме внатре, наречете го душа или свесност.
 

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
1
Несигурен/а
0
Смешно
0

‏‏‎ ‎

Next Article:

0 %