АктуелноЖивот

Скен на мозокот покажал дека дел од нас останува “ЈАС” до крајот на животот.

Во самата срж на нашиот идентитет, јадрото на самосвест ги комбинира спомените од минатото со минливите сензации на сегашноста и додава допир на исчекување на иднината. Прашањето дали ова постојано чувство за „ЈАС“ е толку силно, колку што се чувствува, ги интригирало филозофите и психолозите низ многу векови. 

Во една нова,мала, психобиолошка студија, каде што се набљудувал скен гледа на мозокот се донело заклучок, дека барем некој дел од нас е навистина конзистентен додека растеме и старееме.

 

“Во ова истражување, постои обид да се одговори на прашањето дали сме иста личност во текот на нашиот живот“, вели Мигел Рубианес, невролог од Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.

“Во врска со претходната литература, нашите резултати покажуваат дека постои компонента што останува стабилна, додека друг дел е подложен на промена со текот на времето.”

Сaмоконтинуитетот ја формира самата основа на идентитетот. Секојпат кога ќе го употребите зборот „Јас“, се повикувате на нишка што спојува серија искуства во таписеријата на целиот ваш живот, што претставува врска помеѓу јас на вашата младост и онаа што допрва ќе се појави. Сепак, идентитетот е повеќе од збирот на неговите делови. Размислете за алегоријата на бродот на Тезеј, или парадоксот на секирата на дедото – алатка на која и било заменето вратилото, како и главата, но сепак е некако останала да биде истата секира што му припаѓала на дедото.

 

Ако нашите искуства нè променат, менувајќи ги компонентите на нашиот идентитет со секое кршење на срцето и секое унапредување, секоја болест и секое невреме, дали навистина можеме да кажеме дека денес се гледаме како истата личност, како и кога сме биле на четиригодишна возраст? Иако ова звучи повеќе како филозофско гледање на на нешто, што сепак, можеби може да го реши науката. 

Рубианес и неговиот тим се фокусираа првенствено на претходни истражувања во неврологијата што се занимава со препознавање лица, а тие сугерираат дека визуелното самопрепознавање функционира како индикатор за создавање врска со нечиј впечаток за себе.

Утврдувањето на вклучените видови невролошки активности може да му каже на човекот (кога гледа на пример фотографија од себеси) дали едноставно сме поттикнати од препознавање на сопственото лице, како средба со стар пријател или во тој момент, ние навистина остваруваме вистинска врска со ЈАС што е претставено на фотографијата, и во минатото и во сегашноста.

За да го одработи ова, тимот спроведе задача за препознавање на сопственото лоце, во кое учествувала група од 20 студенти. На секој студент им биле презентирани 27 слики, вклучително и слики од сопственото лице, лицето на близок пријател и непознатото лице, сите во различни животни фази. 

Секоја слика се појавувала на екранот по една секунда, за време на која учесникот треба да притисне копче, за да идентификува кого гледа: себе, пријател или странец. 

Вториот експеримент бил да се идентификува животната фаза на лицето: дали се работи за детство, адолесценција или зрелост. 

Во меѓувреме, десетици електроди работат со избирање на мешавина од мозочни бранови што зуела од нивната сива материја, научниците создале мапа на активност. Таа мапа и времето на одговорите на учесниците, силно сугерираат дека нашиот впечаток за себе – тоа чувство на „јас“ – се ажурира во текот на целиот наш живот, давајќи му стабилност. 

 

Ние навистина го обработуваме тој портрет, несвесно ги обработуваме празнините од четврто одделение, така што фомираме позна слика на дете што ги споделува нашите спомени. 

Студијата откри и интересни сличности во тоа како ги обработуваме впечатоците од нашето минато ЈАС и од нашиот близок пријател, навестувајќи комплексност во тоа како времето може да ги обликува впечатоците и нашиот идентитет.

 

Се разбира, важно е да се напомене дека оваа студија е спроведена на мал примерок (мала група на луѓе) и е далеку од последниот збор на темата. 

Но, откривањето дека има цврста невролошка основа за нашето чувство за себе, кое е прилагодено од времето и искуството, уредно ги рефлектира другите студии што сугерираат дека има и културни влијанија врз тоа како го перцепираме идентитетот. 

 

Значајно е што невролошките описи на специфичните мозочни битови одговорни за сортирање и прецизно одвојување на себеси од странец, може да ни помогнат подобро да разбереме зошто некои луѓе не го делат овој впечаток. 

Нарушувањата во таа нишка на препознавање често дефинираат услови на посериозни заболувања. „Ова ја демонстрира важноста на основните и клиничките истражувања подеднакво во студијата за улогата на личниот идентитет, бидејќи ова ветува дека ќе биде многу поважен концепт, отколку што се сметаше претходно и може да игра основна улога во процесите на психолошка проценка и интервенција“, вели Рубианес. 

Ако некои денови се почувствувате дека не сте сигурни во тоа кои сте – бидете сигурни, бидејќи има голема шанса, длабоко во вашиот мозок, секогаш да бидете таму

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

Leave a reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *