ЗдравјеХрана

Црвено вино за добар сон

Алкохолот, генерално е лош за здравјето на човекот. Општо, го нарушува метаболизмот, а долгорочно го зголемува ризикот од развој на долг список на здравствени состојби, вклучително карциноми, срцеви заболувања, мозочни удари и цироза на црниот дроб. Истражувањата покажуваат дека високиот внес на алкохол може да го оштети и нашето ментално здравје, да ги наруши мемориските вештини и да ја намали плодноста.

Сепак, умерено конзумирање на одредени алкохолни пијалоци, како што е црвеното вино може да биде од исклучителна полза, во одредени моменти во животот. 
Во телото на човекот, нивото на мелатонин достигнува врв навечер и се намалува околу зората. Со дополнителна чаша вино навечер, го подобруваме овој “пик” на мелатонинот во нашето тело, а со тоа му овозможуваме на телото долга, мирна ноќ. Зошто црвени вина? Меѓу сите алкохолни пијалоци, црвените вина имаат најголема концентрација на мелатонин.
Е сега, пред да го гушнеге шишето “Мерлот” пред спиење прво внимателно читајте за конзумирање на алкохол. Чаша црвено вино помага за добар сон. Една чаша – не десет. Она што е добро за човечкиот организам, кога се работи за било што е умерено конзумирање.
Заклучокот е донесен кога во едно истражување биле вклучени 224 испитаници што не биле алкохоличари. Биле поделени во 3 групи. Првата група пиела една чаша минерална вода навечер, втората група бело вино, а третата цевено вино. Истовремено сите следеле медитерански режим на исхрана.
Ова го правеле две години, пополнувајќи прашалници постојано, како и тестови каде им ја проверувале крвната слика за да се направи контрола на шеќерот, липидите и функцијата на црниот дроб.

На крајот, било заклучено дека оние кои пиеле или црвено или бело вино уживале во подобар сон отколку оние што избрале вода. Но, само оние кои пиеле црвено вино имале зголемено ниво на добар холестерол, како и значителен пад на елементите на метаболичкиот синдром, како што се висок крвен притисок и шеќер во крвта, вишок телесни маснотии околу половината, и висок холестерол. 

За што точно се работи тука? Делумно, работата е во тоа што црвеното вино е богато со антиоксиданти како ресвератрол, што оние во групата црвено вино имале дури 13 пати поголеми нивоа од другите учесници. Исто така, фактот е дека виното се конзумира со оброк, што помага да се избегне скокот на шеќерот во крвта после јадење, што пак го намалува воспалението – основна причина за сè, од дијабетес до деменција. Пиењето вино со храна му помага на човечкото тело подобро да ги апсорбира тие шеќери, за да не се исфрлаат веднаш од крвотокот.
 
Се разбира, сите овие придобивки дополнително се зголемуваат со исправна исхрана, јадења како риба и зеленчук и прескокнување на масни или шеќерни десерти. Но, сето тоа вреди ако човек може да наздрави со чаша вино, а тоа да го подобри квалитетот на животот.  
 

Каква е вашата реакција?

Возбудено
1
Среќно
1
Љубов
2
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎