АктуелноЖивот

Шицу, нежно куче за нежни сопственици

Приврзан, разигран и социјализиран, шицу е кинеска раса чија задача е да биде сладок и токму тоа е неговиот начин на живот. Овој жив шармер е особено приврзан за децата. Како мала раса на куче одгледувано да го поминува поголемиот дел од својот ден во кралските палати, шицу е одлично милениче ако живеете во стан или сте во куќа, но со мал двор. 

Некои кучиња живеат да копаат дупки и да бркаат мачки, но идејата за забава на шицу е да седи во скут, да биде  пресладок и да се гали додека  гледате телевизија.
Кога ќе се решите да го вдомите овој убавец, треба убаво да се информирате за висококвалитетна храна за кучиња бидејќи за оваа раса храната е исклучително важна. 
Без разлика дали храната е комерцијално произведена или во домашни услови, треба да се консултирате со вашиот ветеринар. Секоја исхрана треба да биде соодветна за возраста на кучето (кученце, возрасно или постаро). 

Некои кучиња се склони кон прекумерна тежина, затоа внимавајте на потрошувачката на калории и нивото на телесната тежина на вашето куче. Кучешките десерти (treats) може да бидат важна помош при обука и дресура на кучето, но дозволувањето да изеде премногу може да предизвика дебелина. Дознајте  која човечка храна е безбедна за кучињата, а која строго забранета. Проверете кај вашиот ветеринар ако имате какви било проблеми во врска со тежината или со исхраната на вашето куче. Чиста, свежа вода треба да биде достапна во секое време.

Името „шицу“ значи мал лав, но нема ништо жестоко во врска со оваа раса на кучиња. Ова кученце е за размазување, а не е за одење во лов.
 
Одгледувани единствено да бидат придружници, шицу се приврзани, среќни кучиња што единствено сакаат да ги следат своите луѓе од соба во соба. Уште од античко време, тие се чувствувале пријатно во скутот на луѓето од сите сфери на животот, дури и во скутот на императорите!

Тие се одлични семејни миленици кои се согласуваат со другите животни, па дури и со децата, доколку децата знаат како нежно да се справат и да си играат со ова мало, кревко кутре.

Ако барате мал најдобар другар, кој може да се приспособи на живеење во стан, да ви се придружи на каучот за да се гушкате и да ве облева со безусловна љубов – ова може да биде вистинскиот избор на куче за вас.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎