Храна

7 докажани здравствени придобивки на коренот женшен.

Женшенот се користи во традиционалната кинеска медицина со векови. Ова бавно растечко  растение со месести корени може да се класифицира на три начина, во зависност од тоа колку долго се одгледува: свеж, бел или црвен.
Свежиот женшен се бере пред растението да биде 4 години старо, додека белиот женшен се бере помеѓу 4-6 години, а црвениот женшен се бере по 6 или повеќе години. Постојат многу видови на оваа билка, но најпопуларни се американскиот женшен (Panax quinquefolius) и азискиот женшен (Panax ginseng).
Американскиот и азискиот женшен се разликуваат во нивната концентрација на активни соединенија и ефекти врз телото. Се верува дека американскиот женшен работи како релаксирачки агенс, додека азиската сорта има енергетски ефект врз човечкото тело.
Жешенот е одличен за мозокот, во една студија се следеле 30 здрави луѓе, кои конзумирале по 200 мг панакс женшен дневно, четири недели. На крајот од студијата, тие покажале исклучително подобрување на менталното здравје, социјалното функционирање и расположението.
Сепак, овие придобивки престанеле да бидат значителни по 8 недели, што укажува на тоа дека ефектите од женшен може да се намалат со продолжена употреба.
Ова се најважните 7 придобивки на женшенот:
·         Потентен антиоксиданс што може да ја намали воспалението во телото.
·         Може да ја подобри функцијата на мозокот.
·         Може да помогне при еректилната дисфункција и поткревање на либидото кај жени во менопауза.
·         Може да го зајакне имунолошкиот систем.
·         Може да има потенцијални придобивки за спречување канцер.
·         Може да се бори против уморот и да ги зголеми нивоата на енергија.
·         Помага при намалување на шеќерот во крвта.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎

More in:Храна

Храна

Зошто кето диета?

Кетогената диета може да помогне при губење на тежината на неколку начини, вклучително и зајакнување ...