Избор на уредникотТехнологија

Minеcraft омилена видео игра

Најпродаваната видео игра за минатата година е Minecraft, според гејминг листите за 2020 година.
Истовремено, Minecraft е на врвот на листата на YouTube, на најгледани игри за 2020 годин
Видеo играта на Мајкрософт има 201 милијарди прегледи оваа година, а Роблокс беше втор со 75 милијарди прегледи.
Оваа неверојатно популарна игра има по 126 милиони играчи месечно. И покрај тоа што постои веќе 11 години, Minecraft е неприкосновено на врвот. 
Создадена од Mojang Studios што ги купи Мајкрософт, пред речиси шест години за 2,5 милијарди долари, а во тоа време, играта веќе беше продадена во повеќе од 50 милиони копии за компјутер, Xbox 360, PS3 и други платформи. 
Се смета дека ова е една од попаметните инвестиции на Мајкрософт, а неверојатниот раст на продажбата, од тој момент, па до денес, ги задржува играчите да се навраќаат на оваа игра, веќе со години.
Minecraft е започната како домашен проект, дистрибуиран првично како Java аплет на веб-форум. Играта брзо ја долови фантазијата на илјадници гејмери што го обожаваат концептот на оваа инди-игра, која им дозволува на играчите да формираат средина со изработка и градење на конструкции од блокови. 
Играта создаде огромна заедница, истовремено и активно советување на YouTube за тоа како да се игра Minecraft. На овие видеа, редовно се споделуваат разновидни совети помеѓу милиони гледачи од сите делови на светот.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
0
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

Можеби ви се допаѓа

‏‏‎ ‎