Избор на уредникотТехнологија

Zoom најактуелна платформа во 2020

Многу компании се соочија со големи проблеми во пандемиската 2020  година, многу мораа да затворат еден дел или пак комплетно пропаднаа. Истовремено, некои компании постигнаа неверојатен успех за време на кризата, пред се поврзани со технолошки решенија, од чии услуги станавме уште позависни.
 
Според статистичките податоци, само во периодот од јануари до април 2020 година, на Zoom, платформата која во годината на Ковид стана екстремно популарна, имало две илјади милијарди минути видео повици. За време на пандемијата Zoom направи огромен скок во бројот на корисници, од 10 милиони дневни корисници во декември 2019 година на 300 милиони во април 2020 година. Благодарение на Zoom, бизнис состаноците, конференциите, семинарите, разните видови обуки и настави, продолжија и за време на пандемијата.
Според неодамна објавена статија на оваа тема во британскиот весник „Индипендент“, Zoom е најдобар бидејќи е најпристапен и истовремено е бесплатен. Апликацијата FaceTime на Apple, може да ја користат само сопствениците на скапите производи на Apple. Исто така, не бара корисникот да има сметка, како што е случај со апликацијата Google Meet. Ако направиме споредба со апликацијата „Skype“ на „Microsoft“, Zoom е полесен за употреба, особено за оние кои не се многу вешти со компјутерите.
 
Сите овие фактори го направија Zoom многу популарен, па стана мета на хакери, кои лесно следеа состаноци, па дури и ги вознемируваа учесниците. Британската агенција за борба против криминалот и Американското федерално биро за истраги издадоа предупредувања и совети за безбедни видео повици, а Zoom воведе дополнителни мерки за заштита.
Работата од дома за време на пандемија натера многу компании да користат апликации како Zoom. Трендот сигурно ќе продолжи и во 2021 година, но веројатно и во годините потоа. Најверојатно популарноста на овој софтвер за видео повици ќе намали кога пандемијата ќе заврши, имајќи предвид дека вредноста на нејзините акции се намали кога беше објавено дека е направена вакцина за Корона вирусот. 

Сепак, Zoom е сè уште најактуелна платформа од ваков вид и се чини дека уште долго ќе остане на врвот и покрај многуте слични конкурентни платформи. Компанијата сака да ја искористи оваа неочекувана и голема популарност. Плановите на  Zoom вклучуваат услуги и апликации за електронска пошта и календар. Со развојот на новите производи, Zoom ќе направи затворен систем на апликации за првенствено деловни корисници, со што влегува на територијата на технолошките гиганти како што се Microsoft и Google, кои исто така нудат апликации и услуги за видео повици, календар и електронска пошта. 

Една од последиците на Корона вирусот ќе биде преминот на многу компании кон работа од дома или некој хибриден модел, според кој дел од работното време ќе помине во канцеларија, а дел од дома. Според тоа, а имајќи ја предвид потребата за вакви платформи и во другите области, јасно е дека користењето на апликациите како Zoom сè уште ќе биде голема.

Каква е вашата реакција?

Возбудено
1
Среќно
0
Љубов
0
Несигурен/а
0
Смешно
0

‏‏‎ ‎

Next Article:

0 %